Имено, во Македонија на еден милион жители има 967 заразени лица, а Србија 1.284.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2020 11:58

Поразителна статистика: Македонија на врвот на табелата за починати и заразени од коронавирус (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Македонија останува на врвот на црните статистики. По број на заразени лица со коронавирус на еден милион жители, Македонија е на второ место. Полоши бројки на оваа табела од нас, има само Србија, анализира Курир.мк.

Имено, во Македонија на еден милион жители има 967 заразени лица, а Србија 1.284.

Македонија има повеќе заразени со коронавирус во споредба со сите останати држави од регионот кои подобро од нас се справиле со пандемимијата. Помалку заразени има во Романија, Босна, Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Унгарија, Албанија, Бугарија и Грција. Далеку полошо сме рангирани и од просекот во светот.

 

На неславното второ место сме, за жал, и по бројот на смртни случаи. На еден милион жители, во Македонија починале 56 лица, а во СРбија овој број е 63.

Сите останати земји успеале да дојдат до што помал број на жртви. Во табелата подолу, погледнете ги резултатите:

Не можеме да се пофалиме ниту со доволен број на тестови. Погледнете каде се наоѓа Македонија на оваа листа:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните.

Јанушев за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија!

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме...

Ова е официјален документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рече дека ќе го стори тоа, но дека народот не би дознал за тоа.

Викиликс објави доказ дека Груевски платил на албански терористи!

Како што е објавено во документите на Викиликс, поранешниот премиер на Македонија,...