Имено Хаџидаде изјавил дека неговите воени сили кои го соборија американскиот дрон над своја територија, зад него забележале и авион во кој имало 35 луѓе, но се воздржале.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2019 16:12

Порака до Трамп од Иран: Можевме да ви го срушиме и авионот со 35 луѓе, но се воздржавме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Курир.мк

Бригадниот генерал Амир Али Хаџидаде, командантот на иранските воздухопловни сили на Исламската револуционерна гарда со изненадувачка изјава до американскиот претседател Трамп.

Станува збор за е беспилотно летало “global hok”. Леталото е срушено во јужната провинција Хормозган. 

Имено Хаџидаде изјавил дека неговите воени сили кои го соборија американскиот дрон над своја територија, зад него забележале и авион во кој имало 35 луѓе, но се воздржале.

„Со американскиот дрон во близина имаше и авион П-8 со 35 луѓе во него. И овој авион влезе во наш простор и можевме да го собориме, но не го направивме тоа“ рекол Амир и додал дека фотографиите кои беа порано објавени од срушениот дрон, се доказ дека дронот бил над нивна територија.„Постои неспорен доказ дека дронот беше во наш простор“ Потврдил и шефот на дипломатијата.

Претходно Иран и Амеркиа објавја снимка од рушење на дронот, Вашингтон тврди дека бил на меѓународен простор, додека Иран тврди дека дронот влегол во иранскиот воздушен простор.

Инаку вчера командатот на Иранската ревулуционерна гарда Хосеин Салами изјавил дека соборувањето на американскиот дрон испрати јасна порака на САД. Тој потенцирал дека не сакаат војна со САД, ниту со било која друга земја, но сепак ако има потреба за такво нешто тие се целосно подготвени.

Иранскиот генерал одржал говор кој го пренесувала државната телевизија, откако Америка официјално потврди дека е соборен нивни дрон.

Станува збор за беспилотно летало “global hok” кое е срушено во јужната провинција Хормозган. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

посета на Лабуништа, претседателите Села и Гаши сс упатија на плоштадот Струга, од родниот град на претседателот Села, од каде се обрати до лидерите на двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници

Села до Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

На вчерашниот митинг пред жителите на Струга, коалицијата „Сега е време“  одржа...

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...