Утринава околу 9 часот во тетовската полиција е пријавено дека е нападнат лекар од Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

Објавил: Весна Петровска | 6 септември, 2019 16:22

Поранешен затвореник претепа кожен доктор во Тетовската болница – лекарот итно пренесен во Скопје

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Драма во Клиничката болница во Тетово, нападнат и повреден кожен доктор. Неофицијално, пациентот бил поранешен затвореник, а докторот од тешките повреди е пренесен на Ургентно во Скопје. Случајот веднаш бил пријавен во СВР Тетово и од ртаму ги информираат деталите за инцидентот.

Утринава околу 9 часот во тетовската полиција е пријавено дека е нападнат лекар од Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово.Го нападнал пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на овој инцидент

За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Северна Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.

-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за некои петнаесетина минути пак се вратил пациентот и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи ни крив ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.

По вториот напад докторот паднал во безсознание. Веднаш бил префлен во клиничкиот центар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се освестил. Првично се работи за повреди во главата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...