Ова значи дека меѓу шест и 12 милиони Италијанци се заразени.

Објавил: Едмонд Бекири | 30 март, 2020 20:31

Поранешен Италијански премиер порача: Мораме полека да ја отвараме државата- ЌЕ УМРЕМЕ ОД ГЛАД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Коронавирусот во Италија зарази 12 милиони луѓе“, рече поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој се залага за отворање на земјата.

Ренци, кој ја предводеше италијанската влада од февруари 2014 година до декември 2016 година, рече во живо вклучување на својот профил на Фејсбук дека се залага за повторно отворање на државата, бидејќи како што рече тој ќе се умре од глад.

Тој ги наведе проценките на епидемиолозите дека помеѓу 10 и 20 проценти од населението во Италија е заразено, но не развило симптоми.

“Ова значи дека меѓу шест и 12 милиони Италијанци се заразени.

Овие луѓе развиле антитела и можат да живеат поинаку. Значи, треба да разбереме колку луѓе навистина се заразени”, рече Ренци, повикувајќи на масовен тест за да се утврди кој бил заразен. Поранешниот претседател на Демократската партија, една од најголемите партии во Италија, рече дека треба да се земе предвид постепеното укинување на карантинот и отворањето на земјата.

Тој додаде дека треба да се спречи „убиството на услугите, туризмот и производството“.

„Потребни ни се конкретни предлози. Ако не работиш, не носи дома пари. Можеби не умреш од Ковид-19, но ќе умреш од глад. Не можеме да ги затвориме куќите две години, не можеме да издржиме економски“, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...