Екс директорката на кожна клиника денеска седна на обвинителна клупа. Обвинителството првично и изрече казна од 10 илјади евра, но неплатениот казнен налог сега е обвинителен акт. Денешното рочиште против Билјановска се одложи бидејќи нејзината одбрана се уште ги чека доказите од лекарската комора, здружението на дерматолози и скопските клиники. Следното рочиште е закажано за 17 септември.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 19:25

Поранешната директорка на кожната клиника Цаца- Билјановска седна во судница!

Фото/Текст извор: ©сител.мк

Денеска во обвинителството беше повикана поранешната директорка на Кожната клиника во Скопје, Нина Цаца- Билјановска поради тоа што не ја платила казната од 10 илјади евра која и беше одредена за ширење на заразна болест.

Екс директорката на кожна клиника денеска седна на обвинителна клупа. Обвинителството првично и изрече казна од 10 илјади евра, но неплатениот казнен налог сега е обвинителен акт. Денешното рочиште против Билјановска се одложи бидејќи нејзината одбрана се уште ги чека доказите од лекарската комора, здружението на дерматолози и скопските клиники. Следното рочиште е закажано за 17 септември.

За потсетување, Билјановска беше меѓу првите пациент позитивни на корона вирус со земјава. Таа и покрај тоа што имаше симптоми на вирусот корона, сепак одела на работа а нејзиното неодговорно однесување предизвика бурни реакции во јавноста.

Билјановска беше вратена од скијање во Италија, неколку дена одеше на работа, прегледуваше пациенти, а присуствуваше и на меѓународен симпозиум. Откако се утврди дека е позитивна на вирусот, Клиниката за кожни болести со месеци беше затворена, а нејзините колеги завршија во излоација.   

Билајновска беше експресно разрешена од директоската позиција, а лекарската комора ја чека правосилната пресуда за да одлучи дали ќе и биде одземена лиценцата за работа. Во меѓувреме, Билајновска минатата недела се врати на своето работно место на Клиниката за кожни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...