Спорт
Свет
Поранешниот кошаркар на Партизан и репрезентацијата на Црна Гора, Никола Пековиќ (34) е заразен со корона вирус и се наоѓа во тешка здравствена состојба со воспаление на обете бели дробови.
Пековиќ беше примен во болницата во Подгорица со симптоми на вирусот „ковид-19“ пред 15 дена, а во меѓувреме неговата состојба се влоши.
Пековиќ од јануари е тим-менаџер во кошаркарската репрезентација на Црна Гора.
Во Црна Гора, како и во повеќето земји, во последните неколку недели се забележува скок на бројот на заразени луѓе кои страдаат од коронавирус, а според последниот пресек на ситуацијата, 344 граѓани се здобиле со корона.
Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 8.252 случаи, од кои 3.061 се активни, а досега починаа 167 лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Свет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.