Владата им ставила етикета дека ги поткопале националните интереси

Објавил: Калина Мартинска | 12 септември, 2024 12:44

Поранешните членови на Историската комисија се жалат на притисоци

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поранешните членови на Историската комисија обвинуваат дека нивната работа била злоупотребена за партиски цели. Преку соопштение прстот го вперуваат во премиерот и министрите во владата велејќи дека им се ставила политичка етикета и ги поткопале националните интереси. …Бараат во составот на Комисијата да се вклучат и странски експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ.

Минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси согласно со неговите лични погледи. Уште пострашно е што премиерот свесно испраќа авторитарна и заканувачка порака дека оној што нема да ги исполнува неговите очекувања и политички погледи ќе биде етикетиран дека не ги штити националните интереси.

Премиерот пак им врати – нека се вклучат и експерти во Комисијата, ама поранешните членови ќе треба да одговорат за што потрошиле огромни буџетски пари во средбите со бугарската страна….Вели се согласија на капитулација на историјата како што се согласија Ковачевски и Османи.

Опозицискиот лидер Филипче пак ја осуди како што вели политичката дискредитација на сега веќе поранешните членови на Историската комисија. И тој смета дека потребно било вклучување на странски експерти во работата на Комисијата.

Поранешните членови на историската комисија прстот го вперија и во министерот за надворешни работи Муцунски. Велат дека неговиот став со кој ја прогласил Комисијата за политичко тело ги ставил историјата и науката во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи.Според нив тоа била позицијата која ја посакува официјална Софија.

Ванчо Георгиев е именуван за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија

Со одлука на владина седница, беше сменет составот на Комисјата за историски и образовни прашања , па сега на чело на македонскиот тим застанува историчарот Ванчо Ѓорѓиев, која веќе еднаш ја напушти комисијата поради политички притисоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.