Бирото за јавна безбедност од вчера, по откривањето во јавноста, покрена истрага, во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“. Преку затворена група на социјалната мрежа „Телеграм“ со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваа и коментираа на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички.
Фотографии од малолетни девојчиња од Македонија со интимна содржина, видеа кои се на раб на порнографија се споделуваа до вчера во затворената група „Јавна соба“ креирана на апликацијата „Телеграм“ која до тогаш броеше над 7.400 членови.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.
-Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Во исто време сакам да апелирам до сите нас, до родителите, образовните институции за поголем надзор врз децата и навремено да се реагира и во семејствата и во улиштата, рече Спасовски, кој додаде дека и порано имало вакви случаи што се расчистувале.
„Стапено е во контакт со мрежата Телеграм, собрани се податоци околу функционирањето на оваа група. Се работи на документирање и расчистување на овој случај. Известено е и јавното обвинителство“ вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, потврди дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.
– Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители чии девојчи се изложени, да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки, рече Шкриељ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.