Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 19:02

Порнографската група „Јавна соба“ се пресели на светски познат порно сајт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Групата „Јавна соба“ која по наредба на МВР беше затворена, а фотографиите избришани,од пред две недели повторно е активна, но овојпат на еден светски порно сајт, пренесува „Пулсинфо“.

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР минатиот месец испрати барање до сопственикот на Телеграм, чие седиште е во Велика Британија, со цел да се затвори порнографската група „Јавна соба“ која броеше над 7.000 членови. Полицијата успеа да идентификува еден од креаторите и еден од модераторите на групата, а како што истакнаа оттаму, и двајцата се возрасни лица од Скопје.

Меѓу експлицитните фотографии објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Огромен дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Интересно е тоа што свен фолдерот со голи девојки, постои уште еден фолдер во кој објавувачот се шегува со полицијата со тоа што ги објавил СМС пораките преку кои МВР го повикува да се јави во Полициска станица Ѓорче Петров за да даде изјава поради неговото членство во групата „Јавна соба“ на Телеграм. Во истиот тој фолдер, објавени се и неколку фотографии направени од телевизиски екран, а на кои се гледа како телевизиите во Македонија известуваат за порнографската група.

Од поталот наведуваат дека за сега не е познато како порнографската група „Јавна соба“ од Телеграм овојпат заврши на светски познат порно сајт, но велат дека случајот е пријавен во полиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...