Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 29 мај, 2020 9:30

ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Вака ќе биде времето во нашата земја!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
 
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 20 степени.

И во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 16 до 24 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Нестабилно со почеста појава на врнежи и грмежи – можно НЕВРЕМЕ

За време на овој викенд, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна...

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Времето денеска: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална...

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Денес времето во државава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност....

Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Пеколни температури- за викендот пад на температурите!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...