Од Владата потврдуваат дека упатиле вакво барање во кое и укажуваат на Општина Центар да ги преиспита овие решенија и да ги усогласи согласно со заштитата на културното наследство во градскиот центар, но без конкретни насоки.

Објавил: Стојче Бушин | 26 септември, 2020 20:30

Порта Македонија и споменикoт на Мајкa Тереза на списокот за уривање

Фото/Текст извор: ©сител

Неизвесна судбината на една од најпрепознатливите градби од проектот „Скопје 2014”. За тоа дали Порта Македонија ќе стане само дел од спомените на скопјани, засега нема конкретен одговор од надлежните институции.

По информациите дека Владата до општина Центар уште пред изборите доставила барање за промена на деталниот урбанистички план „Мал ринг“, односно бришење на маркичките на Порта Македонија и неизградениот споменик на Мајка Тереза, денеска поумерени тонови.

Од Владата потврдуваат дека упатиле вакво барање во кое и укажуваат на Општина Центар да ги преиспита овие решенија и да ги усогласи согласно со заштитата на културното наследство во градскиот центар, но без конкретни насоки.

Со мислењето дадено до Општина Центар, Владата не укажува дека треба  да се руши кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар, имајќи ги предвид мислењата кои се дадени и од Комисијата. Конкретно објектот Порта Македонија не попречува пешачки ниту моторен сообраќај, низ уличната мрежа секојдневно минуваат пешаци и возила, односно дозволена е непречена комуникација”, велат од Владата.

И од општина Центар, пак, ја враќаат топката кон Владата. Потребни се функционални измени на Мал Ринг, вели првиот човек на општината, дополнувајќи дека чекаат конкретни акти од Владата за натамошно дејствување.

Барањето од Владата е во согласност со мислењето на Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“. Формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, оттаму велат дека двата објекта се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...