
Македонија
Вести
Љупка Гугучевска препознатливата портпаролка на Државната изборна комисија, чиј заштитен знак е кадравата коса во портокалова боја, викендов стапи во брак со својот партнер, кој го крие далеку од очите на јавноста.

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографија со која ја соопшти убавата вест на јавноста а под фотографијата напиша :
Обраќајте ми се со Госпоѓа, а не госпоѓица. Под фотографијата следуваа многу честитки.
Инаку Љупка за оваа пригода реши да носи припиен сатенски фустан во портокалова боја кој мора да признаеме дека одлично и одговара.
– Некогаш си ветувам дека од утре ќе си олеснам со тоа што барем ќе носам рамни чевли, но скоро никогаш не си стојам на зборот. Веќе имам изграден стил во кој тешко ги изоставам потпетиците, црвениот кармин, очилата и насмевката- откри таа претходно за Женски Магазин.
Портпаролката на ДИК, вчера на празникот на вертата, надежта и љубовта, го прослави и својот именден, па на својот профил на Фејсбук порача:
„А сега, остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“ . “
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.