Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија според последната одлука изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.04.2020 година.
Од вторникот малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 на 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се промени и сеуште изнесува 45,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 0,50 денари/литар и сега изнесува 33,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 2,136 ден/кг и изнесува 20,106 ден/кг.
Која ќе биде новата одлука на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, ќе дознаеме денес.
Инаку на светскиот пазар нафтата падна на 1,34 долари за барел што е најдраматичен пад во поновата историја.
Американската нафта WtI вчера наутро изнесуваше 15 долари за барел.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.