„Комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој Закон.

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2019 11:54

Поскапува легализацијата на дивоградбите: Од 1 евро квадрат станува 100 евра за квадрат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, по поставувањето на првиот столб од далноводот од Штип кон Пробиштип, најави дека со новиот закон нема да може повеќе за едно евро од квадрат да се легализираат дивоградбите.

Министерот Сугарески рече дека најави дека во вторник ќе ја презентира информацијата и потребата од носење на ново законско решение. Тој вели дека комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој Закон.

Лицата со социјален ризик се опфатени во тој дел, каналските канализации. Меѓутоа добро е прво да помине информацијата на Влада и предлог Законот да го доставиме и потоа ќе бидете целосно информирани“, изјави Сугарески.

Прашан од новинарите како тоа ќе влијае врз граѓаните и фирмите кои градат легално, Сугарески објасни дека оние што граделе нелегално ќе си платат казни и комуналии

Ќе го земам за пример Штип каде во моментов можеби има 4.000 дивоградби или не знам, еден куп низ државата. Ние мора да ги решиме, тие мора да имаат правен статус, рече Сугарески.

Премиерот Заев дополни дека по разговорите со ЗЕЛС е многу важно што треба да се легализираат објектите кои не биле опфатени со закон, зашто другата опција ќе биде да се уриваат.

Република Македонија не е толку богата како држава, за да руши материјални добра. Треба да направи се за да ги заштити тие материјални добра, кога веќе некој не го легализирал, а законот претходно тоа го дал како можност. Тогаш следната легализација ќе биде 150 отсто ако комуналиите се 6.000 денари или 3.000 денари, тогаш ќе треба да плати 4.500 наместо 3.000 денари, ќе има казна заради тоа што не смее да ги одврати никој што легално по пат на добивање градба, како што е пропишано по закон си добиват одобрение за градба за објектите. Така да јасна ќе биде казната, истакна Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Коловозите се влажни, денот е пократок, видливоста е намалена, а голем дел од  возачите (посебно оние кои се метеопати) делуваат уморно и неконцентрирано.

СОВЕТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Возете внимателно, влажните лисја се опасни

Есента е период од годината кога временските услови се нестабилни, често врне дожд,...

Во 2014 година, кога започна изградбата на 57-километри долгата автопатската делница, истата се проценуваше на околу 360 милиони евра.

ПАДНА НОВ ДОГОВОР: Цената на автопатот Охрид – Кичево надмина половина милијарда евра

Собраниската комисија за финансирање и буџет вчера ја усвои предлог одлуката за нов...