Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Објавил: Стојче Бушин | 15 октомври, 2020 5:48

Последен пат го видов пред Инфективна, маскиран од глава до пети…

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Последен пат го видов пред инфективна, маскиран од глава до пети. Го прашував како им е внатре, за што да се спремаме кога ќе ни дојде ред да помагаме… Одвои време, а сигурно го немаше.

Ми рече, меѓу другото, дека и да ти викаат да се штедиш, и да сакаш да се штедиш, кога ќе видиш “што е внатре” – нема ни да ти се спие.

Е таков колега изгубивме денес. Што не оставаше неодговорен повик, порака, што не извисил пациент, што не се штедел никогаш.

И не можам бе, не можам да не посакам да опцујам сѐ со ред!

И ковид, и живот, и овој фејсбуков кај што ви е дозволено да коментирате сѐ и сешто и да мудрувате и доктори да се правите.

И квази портали што објавуваат лаги.

И тоа што не почитувате ни доктор, ни препорака, ама пак докторот ве лечи на крај. За да може да го газите и омаловажувате, нели…

Почувај во мир Трајче, сочувство до семејството и најблиските. Нека биде вечно со сите нас примерот кој го даде како треба да се биде колега, лекар и човек.

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ.

Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.

Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи...

Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот. Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.

Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се...

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

ТРАГЕДИЈА: Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден...