Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни!

Објавил: Владо Марин | 12 јуни, 2020 15:30

Последното деноноќие 164 новозаразени и два смртни случаи во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19!

– Скопје 85
– Куманово 24
– Дебар 3
– Штип 5
– Прилеп 3
– Тетово 18
– Струга 5
– Охрид 9
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
– Валандово 1
– Свети Николе 2
– Ресен 2
– Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:

Скопје 3
Прилеп 6
Струга 1
Велес 1
Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува.

На клиниката за неврохирургија успешно вграден стимулатор на нервот вагус

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија,...

Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување...

„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Респираторна инфекција кај 50 деца и бебиња од Гевгелија, лекарски тим од Скопје дополнително ќе ја испитува состојбата

Во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста,...

Пациентот е во добра општа состојба, нема температура, на почеток имал само кашлица, и не покажал други симптоми на вирусот. Поради контакт со него, изолација и е одредена на неговата сопруга.

Велешанецот со индиски сој на Ковид-19 имал контакт само со сопругата

Велешанецот на возраст од 43 години, позитивен на Ковид-19, а кај кого е докажан делта...