Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

Објавил: Едмонд Бекири | 18 декември, 2022 13:14

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му оддадат почит на Синиша Михајловиќ.

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

Komemoracija, Siniša Mihajlović
FOTO: EPA/MASSIMO PERCOSSI 

На ковчегот може да се видат и амблемите на фудбалските клубови Лацио и Рома, двата римски клуба за кои настапуваше Синиша, како и шаловите на Торино и Болоња, кои ги тренираше Михајловиќ.

Многубројни високи функционери на градот Рим дојдоа да му оддадат почит на прославениот Србин.

Претседателот на Римскиот Сенат, Игнасио ла Руса, изрази сочувство до неутешното семејство, а со прекрасни зборови до Синиша се прости и советникот за туризам Алесандро Онората.

Komemoracija, Siniša Mihajlović
FOTO: EPA/MASSIMO PERCOSSI
Komemoracija Siniša Mihajlović
FOTO: PROFIMEDIA 

1 / 9 FOTO: EPA/MASSIMO PERCOSSI

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.