На еден тие штандови, на премиерот Заев му беше измерен притисокот и како што напиша на социјалните мрежи, притисокот му е нормален.

Објавил: Сара Фемина | 27 март, 2019 18:57

После вчерашниот дуел со Мицкоски на Заев притисокот му остана нормален !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На социјалните мрежи премиерот Зоран Заев денеска се пофали дека притисокот му е 120 со 80, после вчерашниот дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во кој како што можевме да забележиме, во многу наврати беше нервозен.

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на одбележување на 12-годишнината од формирањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, заедно со штипскиот градоначалник Благој Бочварски и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот и градоначалникот заедно со премиерот Зоран Заев, ги посетија штандовите што студентите ги поставија а исто така и ги презентираа програмите за новата година студентска година.

На премиерот Заев му беше измерен притисокот, на еден од штандовите и како што напиша на социјалните мрежи, притисокот му е нормален.

Тој напиша дека студентските години се најдобрите времиња кога стекнатото знаење и новите пријателства граделе спомени, и на кои сите студенти ќе се навраќаат целиот свој живот. Тој им посака на студентите, професорите и ректорот среќна годишнина и успешни идни години.

– Студентските години се најдобрите времиња кога стекнатото знаење и новите пријателства градат спомени, на кои ќе се навраќаме целиот наш живот. Големи перспективи се отвораат за младите во државата. Денеска, при посетата на штандовите на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, им ја честитав годишнината и им посакав на сите, на професорите, на студентите и на сите вработени во универзитетот успешни идни години како академска средина која секогаш ќе се стреми да ги проширува академските хоризонти.

Им благодарам на ректорот на, проф. д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски за гостопримството. – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, синоќа се сретнаа очи во очи во телевизискиот дуел на Канал 5, но тоа како да не им беше доволно, после емисијата си упатија меѓусебни пораки и преку Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на аутистичното дете Кире на крајот.

Панчевски распали по режисерот Манчевски: Филмот “ВРБА”е реален и суров, ниско ниво на култура и негативен одраз за традицијата!

Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска,...

Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Весна Бејби: И така сите ќе умреме, барем вие да си градите

Познатата македонска актерка Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина...

Новинарот истакна дека ги примил заканите, и дека од сега па натаму сите оние кои планираат да се занимаваат со неговото семејство ќе бидат пријавени во соодветните институции.

Јанко Илковски: Добивам закани преку своите деца, ќе бидам приморен да се бранам

Новинарот и водител на емисијата Јади бурек, Јанко Илковски јавно на својот Фејсбук...