Со нумерата  „Километри“,  Влатко Лозаноски-Лозано го почна завчеравечер својот прв голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

Објавил: Едмонд Бекири | 26 март, 2019 0:33

После долго време концерт за паметење од македонски пејач!

Фото/Текст извор: ©стефан рајл / новамакедонија / магазин

Ова скромно момче, кое веќе петнаесетина години е присутно на македонската естрада, досега сними многу песни, повеќето станаа хитови и често се вртат на радиостаниците, спотовите за нив ги гледаме на телевизиите, а имал и голем број настапи низ целата земја. Пеел и освојувал награди во странство и дома, а кога го прашавме зошто досега не се осмели да направи голем концерт, тој рече дека токму сега е вистинското време за тоа и беше во право.

По феноменалнииот  во Скопје, со кој Лозано го скрши мразот и конечно направи сериозен исчекор во својата кариера, се надеваме дека наскоро и регионот ќе слушне за ѕвезденото момче од Кичево.

Убав и емотивен беше и моментот кога единствените гости на концертот, дуото „Некст тајм“ ја испеаја својата преработка на народната песна „Ја излези Ѓурѓо“.„Ви благодарам Македонијо за прекрасната вечер“, се заблагодари повеќепати Лозано.

Со нумерата  „Километри“,  Влатко Лозаноски-Лозано го почна завчеравечер својот прв голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, публиката беше негов сојузник. Хорот од осум илјади грла цели два часа пееше со него, без да згреши ни збор ни тон.

Лозано за овој концерт рече дека е остварување на негова голема надеж, животен сон, и оти тоа е најсреќен ден во неговиот живот.

Одамна не сме виделе толку расположена и распеана публика, која до последното место ја исполни арената, и талентиран и харизматичен пејач, чии песни лесно допираат до луѓето. Секако, тоа е благодарение и на авторите во кои, како што вели Лозано има најголема доверба, братот и сестрата Ена и Лазар Цветковски, кои прават песни по негова мера, токму за неговиот глас и сензибилитет.

Марија Лозаноска- Уште сум под импресии од саботата. Ова се моментите пред концертот кога уште салата се полнеше и кога уште не знаев дека ова ќе биде ден за историјата на брат ми. Ама пак бев среќна! Без разлика што и да се случеше, му се радувам на сè што прави. Тука сум и за лошо и за добро.

И по енергичниот почеток, се нижеа неговите хитови („Јако, јако“, „Жена како ти“, најновата емотивна балада „Мајко“, „Надеж“

, „Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“,….). Повеќето песни Лозано ги продолжуваше само за да може повторно да ја слушне распеаната публика.

Убав и емотивен беше и моментот кога единствените гости на концертот, дуото „Некст тајм“ ја испеаја својата преработка на народната песна „Ја излези Ѓурѓо“.
„Ви благодарам Македонијо за прекрасната вечер“, се заблагодари повеќепати Лозано.
По официјалниот дел, публиката еуфорично почна да извикува „Сакаме уште“, а Влатко уште еднаш ги испеа „Километри“ и „Јако, јако“.

Лозано го  придружуваше еден  одличен бенд, кој цело време како да му ги читаше мислите, а имаше и одлични светлосни ефекти и, секако, звук како од плоча. А Лозано пак  пееше лесно, и нежно па  јако, еднсотавно си поигруваше со својот мек, но пробивен глас, а по секоја пејачка бравура добиваше врисоци и аплаузи од публиката, претежно составена од млади луѓе, но, сепак, имаше и посетители од повеќе генерации.

Мобилните светнаа повеќепати, трибините се нишаа во ритамот на музиката, а насмевките ги красеа лицата на присутните.

Концертот го организира продукцијата „Авалон“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод...

На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

„Бјело дугме“ со бесплатен концерт за 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

На 17- ти ноември, Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на...