Демократската Унија за Интеграција денеска одбележа 16 годишнина од основањето и во обраќањето до своите членови и поддржувачи се пофали со 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски и со илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор.

Објавил: Македонка Димкин | 6 јуни, 2018 0:29

После 16 години постоење и ДУИ се пофали со инвестиции?

Фото/Текст извор: ©Фокус

Демократската Унија за Интеграција денеска одбележа 16 годишнина од основањето и во обраќањето до своите членови и поддржувачи се пофали со 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски и со илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор.

-Оваа 16-та годишнина, исто така, го означува заклучокот од тематското делување на Демократската Унија за Интеграција, која започна со уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, националните симболи, фер и правичната застапеност во државните институции, предводење на клучни функции во државата како претседател на Собрание, државен правобранител, народен правобранител, министер за одбрана, министер за внатрешни работи итн., заокружувајќи ја целосната инфраструктура во високото образование со легализација на ДУТ, отворањето на нови факултети и студенски домови, како и основањето на вториот албански државен универзитет во Скопје, заедно со многу училишта, детски градинки, спортски сали, плоштадите Скендербег, Илирија, на знамето, спомениците на Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери , Неџат Аголи, Пјетер Богдани, но и со институционалното одбележување на 100-годишнината од азбуката, 100-тиот роденден на Мајка Тереза и 100-тата годишнина од знамето, и исто така статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, визната либерализација со земјите на ЕУ, отворање на висок дијалог за пристапување во ЕУ и препораки за отворање на преговори, затворање на спорот со Бугарија и се до целосното официјализирање на употребата на албанскиот јазик и на работ на решавање на прашањето за името што ќе овозможи датум за почеток на преговорите со Европската унија и покана за влез во НАТО. Оваа 16-годишнина не наоѓа како победници и горди дури и по повеќегодишна и интензивна координирана кампања за денигрирање на Демократската Унија за Интеграција со напади на сите можни начини, но не и со конкурентни понуди, програма, конкретни политики, работа и визија, се вели во обраќањето од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција...

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...