Од пред некој ден во дел од автобусите на ЈСП граѓаните имаат можност да читаат книги додека се возат. Книгите се поставени на седиштата.
Ново отворената книжарница „Полица“ на седиштата на автобусите постави извадоци од четири жанровски различни книги а целта со овие книги е во нив да можат да уживаат луѓе што имаат голема љубов и почит спрема книгата. Извадоците се од збирката раскази „Преобразба“ на Франц Кафка, автобиографијата „Јас, тајкунот“ на Мирослав Мишковиќ, детската книга „Како да снимиш филм“ од Радивоје Андриќ и „Допир од далечина – Иан Кертис и Joy Division“ од Дебора Кертис.
„Целта ни е да ги поттикнеме луѓето да читаат што повеќе, а особено онаму каде што имаат на располагање време. Додека се возат на работа, на училиште или на пазарување, луѓето имаат 10, 20, 30 минути што можат да ги поминат наместо на телефон – во квалитетно читање. Нашата издавачка куќа има наслови за секој читател, кои од минатата среда можат да се најдат и во нашата новоотворена книжарница во центарот на градот“ вели Јове Тодоровски, директор на „Полица“
Во денешно време негувањето на книгата опаѓа и со тоа културата го губи својот значај. Со овој потег на новоотворената книжарница Полица, се дава уште еден поголем мотив и значај на книгата во литературата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.