Од ВМРО додаваат дека всушност Зоран Заев беше човекот кој жестоко ја бранеше и штитеше Катица Јанева, велејќи дека никогаш нема да се откаже од неа.  Затоа и обвинителството ја штити од одговорност Јанева и нема побарано притвор за неа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2019 12:03

Постојат сериозни сомнежи дека Заев е вмешан во случајот “Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев и СДСМ се заштитници и промотори на криминалот и корупцијата  во Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

Последната афера со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата.Постојат сериозни сомнежи и индиции дека токму Зоран Заев е врвот на овој криминален октопод на рекетарската банда и токму затоа се сите овие негови панични испади и овој  театар кој и го приредуваат на јавноста.Целата јавност слушна за приказната во која високи функционери на СДСМ заедно со обвинител и Боки 13 вршеле рекет на  бизнисмени барајќи им огромни суми на пари.  Практично невозможно е сето тоа да не било без знаење и амин од Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија ВМРО, велат дека аферата со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата

Од ВМРО додаваат дека всушност Зоран Заев беше човекот кој жестоко ја бранеше и штитеше Катица Јанева, велејќи дека никогаш нема да се откаже од неа.  Затоа и обвинителството ја штити од одговорност Јанева и нема побарано притвор за неа.

Доколку власта навистина спроведуваше правда ќе беа уапсени Кики и Фрики и ќе беа соопштени нивните вистински имиња, но тие се штитат единствено затоа што се високи претставници во СДСМ и блиски луѓе на Зоран Заев.Јавноста очекува одговори кои се Кики и Фрки, но и на кој висок функционер му се јавила Јанева пред да и го одземат телефонот и дали е точно дека токму поради тој повик бил заборавен налогот за нејзино приведување.Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Вистинските нарачатели и извршители не смее да се спасат и мора да излезат пред лицето на правдата, стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија додаваат дека со Македонија владее криминална и монструозна гарнитура чии врхушка и функционери вршат рекет, местат тендери, тепаат и се закануваат на граѓани и прават криминал на секој чекор без притоа никој да одговара. Затоа неопходни се оставки и веднаш распишување на предвремени парламентарни избори.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме...