Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев.

Објавил: Перо Милчин | 21 јули, 2019 18:19

ПОТВРДЕНО: Македонскиот МЕГАТАЛЕНТ Елиф Елмас се сели во Наполи за 16 милиони евра !

Фото/Текст извор: ©ekipa.mk

Македонскиот талент Елиф Елмас се сели од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра.

Трансферот ќе се реализира откако Наполи и официјално ќе го продаде Хрватот Марко Рог во Калјари, а во зависност од успесите со „наполитанците“ има клаузула за дополнителен бонус од 1,5 милиони евра.

На напорните преговори меѓу Фенербахче и Наполи им се гледа крајот.
Елиф Елмас треба да биде осмо засилување за Наполи ова лето. Карло Анчелоти инсистира за негов трансфер откако стана јасно дека ќе ја загуби битката за ангажман на Хамес Родригез од Реал Мадрид. Македонскиот репрезентативец одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна четири гола, а со своите 19 години има веќе 11 настапи и за сениорскиот национален тим на Македонија.

Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Во текот на наредната седмица, Елмас треба да допатува во Неапол, да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „наполитанците“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Меси не го заврши овој меч, откако беше исклучен по конфликт со Гари Медел за што дополнително доби казна од еден натпревар.

ЛИОНЕЛ МЕСИ ЈА ДОБИ КАЗНАТА: Аргентинецот суспендиран на три месеци!

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси доби тримесечна суспензија, поради коментарите...

Како и речиси и секоја голема приказна, така и онаа за Вардар има скромен почеток. Како фузија од два клуба Македонија и Победа во таа 1947 година во киното „Вардар“ во Скопје, се создаде клубот кој што подоцна ќе даде многу за фудбалот во поранешната држава Југославија, а потоа и во Македонија.

Среќен 72-ри роденден Вардаре!

Фудбалската гордост Вардар денеска слави 72 години постоење. 72 години симбол на Скопје,...