Според, официјалното соопштение од обвинителството, осомниченото лице како функционер, одело на состаноци со првоосомничениот Бојан Јовановски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 15:50

ПОТВРДЕНО: Фросина Ременски е осомничениот функционер во „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката Фросина Ременски е осомничениот фунцкционер во аферата „Рекет“, потврди Плусинфо од извори во истрагата.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

За неа, обвинителството ќе бара мерка на претпазливост.

Според, официјалното соопштение од обвинителството, осомниченото лице како функционер, одело на состаноци со првоосомничениот Бојан Јовановски.

„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, соопштија од обвинителството за Плусинфо.

Мерки на претпазливост ќе се бараат и за тројца од четворицата нови осомничени, додека за еден кој е дел од Меѓународниот сојуз ќе се бара притвор. Неофицијално, станува збор за Јасна Мандиќ која е заменик-претедателка на Меѓународниот сојуз.

Инаку, во Сојузот, Ременски ја имаше титулата почесен претседател.

Таа во рамки на истрагата за оваа афера даваше исказ, а покрај неа пред обвинителството да сведочи беше повикан и пратеникот Александар Кирацовски.

Извор Плусинфо

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

ГРУЕВСКИ: Заев е криминоген и неспособен марионетски премиер, со изборите тој бара “сламка за спас”

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот...

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат...

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време,...

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски...