Топлите океански води што се движат под огромните глечери го засилуваат и го забрзуваат нивното распаѓање, пренесува Си-Ен-Ен. Ова откритие беше објавено во понеделникот во списанието „Nature Geoscience“ по научната студија за еден од многуте „ледени јазици“во подрачјето на Гренланд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 15:43

ПОТОПОТ Е НА ЧЕКОР ОД НАС: Научниците под Гренланд откриле нешто језиво, што го подига нивото на водата за 7 метри! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Научниците одамна тврдат дека повисоките температури на воздухот придонесуваат за одмрзнување на ледените површини на Гренланд, а новите истражувања открија нова закана за глечерите.

Топлите океански води што се движат под огромните глечери го засилуваат и го забрзуваат нивното распаѓање, пренесува Си-Ен-Ен. Ова откритие беше објавено во понеделникот во списанието „Nature Geoscience“ по научната студија за еден од многуте „ледени јазици“во подрачјето на Гренланд.

Ледени јазици или се вели за мраз кој лебди на водата, а не се одвојува од мразот на копното. Научниците моментално работат на откривање на ваква појава а студијата открила подводна струја широка скоро два километра, каде што топлата вода од Атлантикот би можела да тече директно до глечерот, доведувајќи огромни количини на топлина во контакт со мразот, што го објаснува забрзувањето на распаѓање на глечерите.

 Топлите океани влијаат врз морскиот живот и може да дојде до изумирање на морскито свет а со тоа и изумирање на луѓето каде  рибите се главниот извор на храна.

„Сега е јасна причина за ваквото брзо распаѓање“, вели Жанин Шафер, океанограф на германскиот институт Алфред Вегенер. Научниците открија слична струја во близина на друг глечер на Гренланд, каде огромен леден јазик избувна и се упати кон океанот. Затоплувањето на огромни количини мраз во Гренланд во моментов е најголемиот двигател на глобалното покачување на морското ниво, а според студијата во декември од списанието „Nature“, мразот на Гренланд се раствора седум пати побрзо од 1992 година.

Таа ледена покривка има доволно вода за да го подигне нивото на морето повеќе од седум метри. Минатото лето е забележано рекордно ниво во голем дел од Арктикот предизвикувајќи топење на 11 милијарди тони ледена површина на Гренланд за само еден ден, велат научниците.

Само во јули беа растопени  197 милијарди тони мраз на Гренланд.

Температурите на водата исто така ги срушија рекордите во 2019 година. Според студијата објавена во списанието „Унапредувања во атмосферските науки“, температурите на океаните минатата година биле 0,075 степени Целзиусови што е над просекот од 1981-2010 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Руската вакцина против вирусот „Ковид-19“, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а таа ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, рече денес рускиот заменик министер за здравство Олег Гриднев.

Руската вакцина против корона ќе биде регистрирана на 12 август!

Русите ќе ја регистрираат вакцината против вирусот корона на 12 август: Последната...

Арапските медиуми денес објавија дека сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб исто така се повредени во страотната експлозија.

ОФИЦИЈАЛНО УТВРДЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ: Целиот град во рушевини, болниците преполни!

Моќна експлозија избувна вчера попладнето во близина на пристаништето во Бејрут, најнаселениот...

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...