
Македонија
Кујна
Неверојатно вкусно и лесно јадење што можете да го послужите како прилог, но и како главен оброк
Потребни состојки:
- 700 грама компири
- 1 тиквица
- 1 главица кромид
- масло
- зачин
- бибер, сусам, црвена пиперка
- лук, лута пиперка
- мајчина душица
Начин на подготовка:
Исчистете го и измијте го компирот, па исечете го на ленти, исто како и тиквицата. Ставете го компирот во чинија, па потоа тиквицата и додајте ги сите зачини. Сето тоа добро измешајте го. Подмачкајте го плехот, ставете половина од компирот и тиквиците, па исечканиот кромид и лук. Озгора додајте го остатокот од компирот и зачините и добро израмнете. Печете во рерна околу 45-50 минути. Овој оброк одлично оди со салата или некоја супа!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.