Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители,односно старатели што по сила на околностите,а против сопствената волја МОРАВ да ги потпишам свидетелствата со грдото име Република Северна Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 12 јуни, 2019 19:20

Потпишав свидетелства со грдото”СЕВЕРНА” и се срамам поради тоа – МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Наставникот Томе Постолов, вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАЛ да ги потпише свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станал соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.

Томе Постолов, наставник вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАЛ да ги потпише свидетелствата со „Северна„ Македонија.

Тој напиша дека неговата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Под  притисок од владејачката партија тој останал и без своето работно место.

Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители, односно старатели што по сила на околностите, а против сопствената волја МОРАВ да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.
Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои МОРААТ да го сторат истото, со што на индиректен начин,спротивно на нивната волја ја признаваат дивата „северна“творба ,која патем да спомнам е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада, не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување.
Мојата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омаловажувања, шиканирања, вербална тортура, полициска посета дома и во училиштето, распит во полиција со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму),па до притисок од владејачката партија за одземање и на раб.место.
Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјаници и илјадници ученици во основното и во средното образование, како и на факултетите им се нанесува тежок удар со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина.
Македонија ВЕЧНА!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи и напиша за убијците на Пино дека нема да постојат.

Мајката од Пино: ЌЕ ЛЕЖАМ ВО ЗАТВОР НО ВИЕ НЕМА ДА ПОСТОИТЕ, КОПИЛИЊА САТАНИСТИЧКИ!

Мајката на Пино, Маја Трковска се огласи повторно на Фејсбук и напиша порака до осомничените. Маја...

Ти голема бела птицо не можеш ни да замислиш каква штета се нанесува со внесувањето на терминот северџани и на какво понижување ги изложуваш сите граѓани на Република Македонија.

Најчевска и Каракамишева ВО ВОЈНА: Јас сум балерина толку колку си ти интелектуалка!

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи остро и коментираше на својата...

Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции,

Пендаровски со поддршка за Алиоски: „Ти си пример од кој учи целата држава, продолжи да не радуваш“

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски се огласи на социјалните...

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот.“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ НА ФЕЈСБУК: „МРШ, НЕПРОКОПСАНИ, наместо да отерате се во мајчина, седите на маса и дебатирате„

По дебатата дали Македонскиот револуционер Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин...