
Македонија
Вести
Се потпишаа 274 договори, согласно повикот кој го објави Министерството за локална самоуправа, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра.
– За реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образованието се издвојуваат околу 2 милиони евра.
За патишта и улици одвоени се скоро 48,7 милиони евра.
За изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба ќе се инвестираат околу 960 илјади евра.
За изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали се издвојуваат средства во висина од околу 3,5 милиони евра, а за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура предвидени се околу 3 300 000 милиони евра.
За инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи ќе се инвестираат околу 10 200 000 евра.
Премиерот најави дека рокот за аплицирање се продолжува, на кој одбиените општини Струмица, Сарај, Теарце и Град Скопје можат потвроно да се јават.
„Тоа се четири општини коишто немаат воопшто добиено, никаков одобрен проект, бидејќи задоцниле со документите и по основ на владина одлука, рокот е продолжен до 15.11. Така што ќе имаат простор до 15.11. да го достават она што им недостасува. Дел од овие општини коишто ги споменав, исто така имаат проекти кои се одобрени, но недостасуваат некои од документите и тие ќе треба да ги дополнат. И моменталната бројка на проекти, да се зголеми и да дојде до 330-350 проекти. Сите ќе бидат опфатени кои имаат капитални инвестиции.“ – рече Мицкоски.
Периодов не престанаа препукувањата на релација Град Скопје-Влада. Од Град Скопје преку писмено соопштение до јавноста, реагираа дека со одбивањето на проектите на Град Скопје, не е важна потребата на граѓаните, и дека Владата со неистомислениците се пресметувала преку политички прогон. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, една од одбеините општини најави дека ќе го напушти ЗЕЛС, а претходно таква најава даде и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.
Мицкоски посочи дека напуштањето на ЗЕЛС би било штета за граѓаните, и дека сите што имале комплетна документација и издржани проекти биле прифатени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.