Унапредување на соработката

Објавил: Калина Мартинска | 15 јануари, 2025 21:32

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции.

Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши електронската размена и описите на регистрираните сервиси кои можат да бидат предмет на електронска размена.

Врз основа на договорот, обвинителството ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила, за живеалиште и престојувалиште и за поседување оружје.

По потпишувањето на Договорот, Коцевски и Тошковски разговараа и за повеќе тековни прашања од областа на координацијата меѓу двете институции во насока на ефикасно гонење на сторителите на кривични дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести