Меморандумот е дел од активностите кои произлегуваат од Стратегијата за транспарентност, а има за цел воспоставување партнерски однос меѓу двете институции за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 март, 2021 12:33

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Мухамед Зеќири и директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева, вчера потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот е дел од активностите кои произлегуваат од Стратегијата за транспарентност, а има за цел воспоставување партнерски однос меѓу двете институции за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на овој Меморандум е промоција на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и ефективно остварување на правата и слободите на граѓаните. Дополнително, обврските кои произлегуваат од овој Меморандум ќе придонесат кон зголемување на одговорноста на институциите преку зајакнување на активната транспарентност на Владата на Северна Македонија и на органите во состав.

На овој начин се гарантира  доследно спроведување на стратешките определби содржани во Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019 – 2021).

Со донесување на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, рокот за одговор на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се намали од 30 на 20 дена, со што Република Северна Македонија се приклучи на европските земји за овозможување на побрз пристап до информациите од јавен карактер, на барателите.

Во оваа насока, Владата на Република Македонија, во изминатите години посветено работи на зголемување на транспарентноста и отчетноста и од 2017 година до денес успешно ги спроведува овие заложби, со што се искачи на првото место по отвореност во споредба со земјите од регионот. Овој пристап во изминатите месеци, Владата го пренесува и на локалната власт, со што ќе може соодветно да се влијае и на зголемување на транспарентноста и отчетноста и на локалната самоуправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...