
Свет
Криза
Потресно видео од италијанска болница каде што се лекуваат заболените од корона вирусот.
На видеото се гледа како докторите макотрпно работат, а исто така се гледа ужасната состојба во која што се пациентите од корона.
Италија објави дека во последните 24 часа починале 196 луѓе од коронавирусот, а има и повеќе од 2.000 новозаразени. На тој начин, вкупните бројки во земјата пораснаа на 827 мртви и 12.462 заразени.
Откако првпат беше идентификуван пред нова година во кинескиот град Вухан, коронавирусот е регистриран во 114 држави, при што се заразени повеќе од 118.000 луѓе, а починале речиси 4.300. Бројот на заболени од коронавирусот во Македонија попладнево се искачи на девет лица, откако уште кај двајца сомнителни случаи биле откриени траги на вирусот.
Министерот Венко Филипче попладнево ги повика сите здравствени работници да бидат целосно на располагање на системот во обид да се исконтролира ширењето на болеста и во наредониот период да не користат одмор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.