Трагедија

Објавил: Калина Мартинска | 19 јуни, 2024 16:10

Починало новороденче од Ресен, било донесено без срцева акција и дишење

Фото/Текст извор: ©telma.mk

Новороденче старо само 30 часа, родено во петокот напладне во Клиничката болница во Битола, почина во саботата, откако поради влошена здравена состојба е транспортирано на Клиниките во Скопје.

Мајката била известена дека има проблеми со бебето неколку часа по раѓањето, а тоа е пренесено во Скопје следниот ден попладне. Родителите кои се од Ресен, обвинуваат дека болницата не интервенирала навреме.

„Што се случуваше од 19 часот во петокот, до 15 часот наредниот ден кога детето не беше во ред. Тие не организираа брз превоз за Скопје, а јас не сум информиран во ниту еден момент додека траеше транспортот јас не бев повикан како родиле да присуствувам“, вели таткото Драгољуб Китоски.

Од Клиничката болница велат дека пациентката боледувала од астма и имала неуредно контролирана бременост. Два дена пред да се јави во болница била со болки, по што е породена со царски рез во петокот, околу 12 часот. Бебето по раѓањето е аспирирано и кратко реанимирано, а потоа поставено на кислородна поддршка во инкубатор. Состојбата се стабилизирала, а така било и во саботата при утринската контрола, но неколку часа подоцна дошло до влошување.

„Во 13:25 часот истиот ден, состојбата на новороденчето нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична, а транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, се наведува во соопштението од Клиничка болница Битола.  Телото на бебето е предадено на обдукција, а таткото најавува приватна тужба за лекарот неонатолог и за Клиничката болница во Битола, затоа што ненавремно биле преземени мерки за да се спаси животот на новороденчето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....