Како што тврди заменик директорот HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, Ким е мртов, при тоа повикувајчи се на  „многу цврст извор“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2020 10:25

Починал лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчеравечер во речиси сите светски медиуми одекна веста за смртта на Сверникорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Медиумите во Хонг Конг шпекулираат дека е мртов, додека едно јапонско списание вчера извести дека водачот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако бил подложен на операција на срцето.

Северна Кореја строго ја контролира информацијата, особено онаа на Ким Јонг Ун, кого го третира како скоро божество, според Си-Ен-Ен, а според аналитичарите, тешко е да се процени дали оваа информација за неговото здравје а сега и неговата смрт е вистинита.

Како што тврди заменик директорот HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, Ким е мртов, при тоа повикувајчи се на  „многу цврст извор“.

Нивниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми, се вели во извештајот во „Интернационален бизнис тајмс“.

Според останатите медиуми кои како извор наведуваат високи партиски извори во Пекинг, соопштија дека неуспешната операција за вметнување на стент тргнала наопаку, бидејќи на хирургот многу му се треселе рацете, пишува Њујорк Пост.

Операцијата била извршена на почетокот на овој месец, а неколку медиуми веќе и го објавија неговиот можен наследник.

Додека во медиумите има поделени извештаи за здравјето на Ким, јапонскиот неделник „Шукан Гендаи“ во петокот објави дека член на кинески медицинскиот тим со седиште во Северна Кореја кратко ја објаснил ситуацијата.

Медицинскиот експерт рече дека за време на посетата на село на почетокот од овој месец, Ким одеднаш ги стиснал градите и паднал на земја. Лекарот, од кој бил придружуван водачот на Северна Кореја, веднаш го реанимирал на местото на настанот и Ким го однеле во најблиската болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите на јавното мислење е послаб од Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во наредните недели, да биде бесплатна.

БАЈДЕН ветува кули и градови: Вакцината за короната ќе биде БЕСПЛАТНА за сите

Демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џо Бајден, денес вети дека,...