Сите се починати во болнички услови, велат од министерството!

Објавил: Перо Милчин | 21 октомври, 2021 17:20

Починати 11 и нови 490 случаи на ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со ковид -19 од направени 3.073 тестирања.

Речиси половина од нив се во Скопје.

Министерството за здравство евидентирале и 11 починати лица од кои четворица од Скопје, тројца од Куманово, двајца од Прилеп меѓу кои и најмладиот починат пациент со 25 години, и по едно починато лице од Струмица и Радовиш.

Сите се починати во болнички услови, велат од министерството!

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат...

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче...