Причините за сообраќајката ќе бидат познати по извршениот увид од МВР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2021 15:01

Починат син и тешко повредена мајка по сообраќајна несреќа на патот Велес-Скопје

Фото/Текст извор: ©sdk

Едно лице почина, а едно е полесно повредено во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, по што сообраќајот беше три часа во прекин. Сообраќајката се случи претпладнево околу 10 часот пред тунелот кај Катланово, кога автомобилот излетал од патот и удрил во банкината.

Прва на лице место беше екипата на Итната помош од Велес, објави Сдк!

Интервенирано е со едно возило и една лекарска екипа. На лице место е констатирана смрт кај лице возач, кое било на возраст од околу 60-тина години. Повредено е лице, жена на која ѝ е даден неопходната здравствена помош и е префрлена во Велешката болница“, вели д-р Васе Пановска, началничка на Итната служба од Здраствен дом Велес.

Од Велешката болница соопштија дека кај нив е донесена пациентка која минала со лесни телесни повреди.
Околу 10:30 часот на одделот за хирургија од страна на Итната медицинска помош е донесена пациентката Д. С. на 89-годишна возраст од Прилеп, повредена во сообраќајна несреќа. Пациентката добила лесни телесни повреди на главата и на десна потколеница. Задржана е на опсервација на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа Болница-Велес“, кажа д-р Елоенора Јованова, портпаролка на Општа Болница Велес.

Поради сообраќајката, од 10 до 13 часот кога се вршел увид на местото на настанот автопатот Велес-Скопје беше затворен за сообраќај, па возачите мораа да патуваат преку новиот автопат Штип-Скопје. Во првите половина час, бидејќи немаше информација дека автопатот е затворен за сообраќај, огромна колона возила беше на наплатна рампа Отовица, близу Велес.

Причините за сообраќајката ќе бидат познати по извршениот увид од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...