„Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, причината за смртта се уште не ја знаеме“, рече тој, а пренесе Вечерњи лист.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 јануари, 2022 15:08

Почина Аки Ракимовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Ракимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на Парни Ваљак на социјалните мрежи, а истото го потврди и неговиот менаџер Дамир Осредечки.

„Утрово му се слоши, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, причината за смртта се уште не ја знаеме“, рече тој, а пренесе Вечерњи лист.

Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (65), неодамна доби ќерка со 27 години помладата партнерка, Словенка Барбара Весел.

Ќерката во животот на Аки пристигна по периодот во кој тој имаше здравствени проблеми и полесен срцев удар. Неговото трето дете беше родено пред 2 месеци.

Во меѓувреме тој се пресели во Словенија кај партнерката!

Аки и Барбара на ќеркичката и дадоа име Антонија, пренесува РТЛ Екслузив.

Аки има две деца од два брака!

Почивај во мир легендо!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...

Починатиот пејач Аки Рахимовски ја чуваше својата приватност далеку од очите на јавноста. Последниов период најактуелна тема беше дека тој станал татко на 65 години, односно дека доби ќерка со таинствената Словенка Барбара која е 30 години помлада од него.

Тие двајца успешно ја криеле веста од јавноста дека чекаат принова речиси три месеци, а и малкумина знаеле дека ќе стане татко во зрело доба.

Во една изјава за медиумите, неговиот пријател и член на „Парни Ваљак“, Хусеин Хасанфендиќ Хус кажа:

„Ако можеше Мик Џегер да стане татко на 74 години, зошто да не може и Аки“.

На пејачот ќеркичката му е трето дете, а се вика Антонија. Тој претходно беше долго во брак со Ингрид со кого ги има синот Кристијан и ќерката Дина.

Парни Ваљак по смртта на Аки: Сите сме во шок – не можеме да поверуваме

Пејачот на култната загрепска рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, почина денес...