Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.

Објавил: Сара Фемина | 31 октомври, 2020 14:23

Почина актерот Шон Конери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шкотскиот актер Шон Конери почина на 90 години, соопшти неговото семејство.

Конери беше најпознат по улогата на Џемс Бонд и го глумеше британскиот шпиун во седум филмови.
Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.

Роден во работничко семејство во Единбург, Конери стана Џејмс Бонд во 1962 година, по неколку помали улоги во британски филмови. Пред тоа бил во кралската морнарица, работел како млекар и бил посветен бодибилдер и солиден фудбалер.

За филмот „Недопирливите“ во 1988 година освои „оскар“ за најдобра споредна улога и истовремено се здоби со слава благодарение на серијалот „Индијана Џонс“. Тој одби да се појави во четвртиот дел на „Индијана Џонс“, велејќи дека ужива во пензијата.

Последниот филм го сними во 2003 година, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Дарко Филиповиќ се прости од Токан преку својот Фејсбук профил објви црно-бела слика на неговиот драг колега.

ГОЛЕМА ТАГА: Од корона на 45-годишна возраст почина тапанарот на Амадеус Бенд!

Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, познат под...

Претседателот исто така изјави дека Храмот на Свети Сава, кој патријархот го посакувал е храм на токму таква силна Србија.

ВУЧИЌ СЕ ПРОСТИ ОД ИРИНЕЈ: Неговата Светост ги затвори очите онака како што и живееше, во мир

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предмалку зборуваше на погребот на патријархот...

Премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Националното собрание Ивица Дачиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава.

ВО ЖИВО: Започна погребот на ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ – Присутни се државниот врв и голем број граѓани

Литургијата за блажениот патријарх Иринеј започна во 9 часот наутро, а посмртните остатоци...