Поради пролеми со срцето

Објавил: Калина Мартинска | 25 ноември, 2024 13:47

Почина владиката Тимотеј

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На 73 годишна возраст денеска почина Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј.

Тимотеј ја загуби битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето.

Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски[1]. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија.

Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести