Професионалниот војник А.Ј. (25) почина синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија

Објавил: Калина Мартинска | 20 јуни, 2024 12:02

Почина војник на 25-годишна возраст

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на армискиот полигон „Криволак“.

Војникот на крајот од изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошува по што паѓа во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон клиниката- КАРИЛ во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на  околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

Починатиот војник 24 дневниот селективен курс го почнал во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност, соопшти Генералштабот на АРМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.