Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 февруари, 2021 9:39

Почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 66-годишна возраст почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, јавија хрватските медиуми!

На Бандиќ му се слошило касно синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно.

Веста ја потврдиле и од Град Загреб.

Со длабока тага ги информираме сограѓаните и сограѓанките, соработниците, пријателите и цела јавност дека денеска, 28 февруари, на 66 години од последници на срцев удар почина градоначалникот на Град Загреб господин Милан Бандиќ. Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир, соопштија од Град Загреб.

Тој веќе подолг период имал здравствени проблеми, а во 2003 година доживеа тежок мозочен удар. Пред три години му беше вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран откако му се слоши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Градоначалникот Петре Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан...