Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2020 14:40

Почина доктор од Тетово како последица од Ковид 19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста, информира на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочувство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, рече Филипче!

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата. На вчерашната прошетка со Радмила Шекеринска низ Охрид Филипче разговараше за идните здравствени приоритети за градот, но и за целата држава.

Продолжуваме да градиме силен и одржлив здравствен систем за сите, да ги јакнеме капацитетите на јавното здравство, да работиме на професионалниот дигнитет и мотивација на медицинските работници и да создаваме услови за нивна иднина и професионална кариера во нашата земја. Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство, рече Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Ковачевски на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина портпаролот на ЕВН- Атанас Ковачевски! ПОЧИВАЈ ВО МИР!

На 50 годишна возраст, почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски. Ковачевски...

Негови колеги и пријатели со неверување се простуваат на социјалните мрежи од диџејот кој зад себе ја остави сопругата Наташа и две деца.
Веста за неговата смрт ги потресе и галичани, бидејќи Ицко е по потекло од Галичник.

Последно збогум од сопругата на диџеј Ицко: Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе и нашите деца

Македонската електронска сцена остана без Ристо Мелоски, познат како диџеј Ицко од...