Синот на Методија Андонов Ченто

Објавил: Калина Мартинска | 12 септември, 2024 18:58

Почина Илија Андонов-Ченто

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На 92 години почина Илија Андонов – Ченто, син на Методија Aндонов Ченто и министер во првата влада на Македонија.

Илија Андонов бил градежен инжинер, и учествувал во изградба на браната Калиманци. Син е на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ.

Погребот на Илија Андонов ќе биде утре на гробиштата Бутел во Скопје во 15 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 14 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.