Почивај во мир!

Објавил: Сара Фемина | 21 јануари, 2021 20:06

IN MEMORIAM: Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска почина денеска на 90 -годишна возраст, потврди нејзиното семејство.

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска.

Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа.

За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот.

Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко, објави на ФБ нејзината внука Ирина Костовска.

Бранка Станковска е родена во Скопје на 30. Ⅳ 1931 и е позната како врвен радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987).

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Потресно сведоштво на братот на музичарот Ице: Дали некогаш нешто ќе профункционира во Македонија?

Пред малку на фејзбук се огласи братот на почитаниот музичар Борче! Мојот брат Ице...

Според неофициални извори до кои дојде ИН Телевизија, познатиот музичар од кога го прележал ковид-19 вирусот имал компликации со здравјето, по што починал.

ЖАЛНА ВЕСТ: Од последици на Ковид 19 почина познатиот саксафонист од Битола Ице Атанасовски

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со...

Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

ИН МЕМОРИАМ: Почина хирургот и професор д-р Драгослав Младеновиќ од болницата „Св. Наум Охридски“

Колективот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“...