Свет
Џет Сет
Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, почина ненадејно синоќа на 57-годишна возраст.
Актерката почина во Атина, каде што живее веќе неколку години, потврдил нејзиниот пријател за српските медиуми!
Веста за нејзината смрт ја објави и нејзиниот пријател Душан на „Фејсбук“, а тој се прости од неа.
„Ријалда Шебек (1963-2021), актерка и психоаналитичарка, драг пријател, почина синоќа. Плачев по не знам колку време – целата криза и депресијата поврзани со короната и личниот живот за време на оваа социјална чума не ми дава повод да стапам во контакт со мојата тага затоа што се обидувам да бидам силен и да преживеам. Смртта на Ријалда го стори тоа. Неочекувано, премногу бргу. Луѓето имаат тенденција да мислат дека никој близок никогаш нема да замине, барем не нагло, бидејќи тоа е најтешкиот дел, кога ќе изгубиме некој без навестување, без шанса да се разделиме, без збор“, напиша тој.
Династијата на Жика е седмото продолжение на филмската серија „Луди години“, чија премиера беше на 31 октомври 1985 година.
Дедото Жика и дедо Милан се под импресии и се грижат за нивниот внук кој воопшто не е заинтересиран за жени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Џет Сет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.