Српскиот аналитичар, писател, новинар и воено политички коментатор, Мирослав Лазански, ненадејно почина на 71 година, објави тамошниот печат.
Лазански починал во својот дом во Белград од срцев удар, како што дознаваат Новости.
Веста за агенцијата ФоНет ја потврди и српското МНР, бидејќи Лазански беше амбасадор на Србија во Руската Федерација, а на таа позиција беше именуван во 2019 година.
Како новинар, известувал од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, од ирачко-иранската војна, за време на војните во поранешна Југославија.
Пред да биде именуван за амбасадор, беше пратеник од листата на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Српска напредна странка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.