Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

Објавил: admin@magazin | 12 октомври, 2021 20:01

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Фото/Текст извор: ©магазин

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ (порано Партенко) која во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и ЖРК Вардар.

Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо потоа стана и македонска репрезентативка. 

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година. 

Веста за ненадејната смрт на поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко Николиќ, денес ја потресе јавноста. Младата жена ја изгуби битката на свои 38 години, а нејзини блиски за ,,Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.

Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина – раскажаа нејзини поранешни соиграчи од Кометал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...

Во 1999 година беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија која го освои шестото место на Европското првенство во Словенија што досега е втор најдобар пласман на една македонската младинска селекција, по четвртото место во 1995 година.

ПОЧИНА КОШАРКАРСКИОТ ТРЕНЕР ДРАГАН ВАСИЛОВ – ЦЕВКА

Еден од најпознатите и најтрофејни тренери во млади категории во земјава, Драган Василов,...