Свет
InMemoriam
Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
-Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живеел, соопштија од Гранд продукција.
Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во брак со Сузана, со која сподели долгогодишна љубов и поддршка, ги одгледа своите деца Александра и Даниел, на кои им беше огромна потпора и столб.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Балкан
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.