Јанева денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.

Објавил: Владо Марин | 13 јуни, 2020 22:43

ПОЧИНА ТАТКОТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева го изгуби и нејзиниот татко, Костадин Делиџаков кој беше долгогодишен судија.

Јанева денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.

Таткото на Јанева беше Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

Минатата година на 19 декември покриена со качулка на главата и двајца полицајци кои ја носеа под рака, ексшефицата на СЈО Катица Јанева беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар, каде  до ден денес се наоѓа домашен притвор.

Јанева тогаш не одговори на ниту едно новинарско прашање, каква беше нејзината здравствена состојба, дали се чувствува виновна и дали беше задоволна од одлуката на Апелацискиот суд.

Јанева се наоѓа во домашен притвор и ја чека пресудата за случајот „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.