
Свет
Џет Сет
Таткото на популарниот фолкер Дарко Лазиќ, Милан Лазиќ почина денеска во болница, откако пред неколку дена му се искомплицираше здравствената состојба, по операцијата на желудникот!
Пинк.рс успеа да стапи во контакт со Дарко, а тој потврди дека неговиот татко починал, откако лекарите со денови се бореа да го спасат, по операцијата на желудникот.
Татко ми почина, вистина е. Се држиме, што ќе правиме … Тешко е, благодарам за поддршката, јас сум со мајка ми, нејзе и е најтешко, морам да останам силен поради неа – едвај прозборе Дарко низ солзи за Пинк.рс, а во позадината се слушна плачење во домот на Лазиќ .
Милан Лазиќ неодамна беше подложен на операција за намалување на желудникот, проследена со компликации и со денови беше во кома.
Енес Хаџиќ, менаџер и пријател на Дарко Лазиќ изјави!
Не го очекувавме сето ова, на Дарко му е многу тешко и не бевме подготвени за ваква вест. Лекарите го спасуваа со часови, но немаше надеж!
Органите откажаа по операцијата на желудникот, докторите едноставно дадоа се од себе. Во моментов никој не може да го смири Дарко, целото семејство и пријателите се со него!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.