Живот
Култура
На 83 годишна возраст почина Коле Манев, истакнат македонски академски сликар и филмски работник од областа на документаристиката.
Манев е роден е на 11 ноември 1941 година во селото Бапчор, Костурско, во Егејска Македонија. Во Скопје го завршил училиштето за применета уметност, а 1960 година го завршил првиот степен на Ликовната академија во Белград. Потоа заминал на студиски престој во Париз, каде повеќе пати се враќаше и изложуваше свои дела. Престојувал и во Прага, каде посетувал предавања за анимиран филм.
Коле Манев реализирал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од регионот.
Тој е автор и на два играни филмови. По негово сценарио и режија се снимени „Мост“ и „Еко Скоп“.
Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија и за сликарство и за филм.
Карактеристично за целото негово творештво и уметничкото дејствување е обработката на болката и страдањата на бегалците од Егејска Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Култура
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.